Објавени се учесниците на натпреварот во забивање на НБА Ол-стар викендот

Некои од добро информираните новинари околу збиднувањата во кошаркарската НБА лига, веќе ги објавија имињата на учесниците на натпреварот во забивање за време на Ол-стар викендот.

Како сигурни учесници се наведуваат Оби Топин од Њујорк , Кол Ентони од Орландо , Џејлен Грин од Хјустон и Хуан Тоскано Андесон од Голден Стејт.

Од овие четворица играчи само Оби Топин беше учесник и на минатогодишното натпреварување. Натпреварот во забивање ќе се одржи на 19. февруари, а Ол-стар натпреварот е закажан еден ден подоцна во Кливленд.