Ова се играчите и тренерите кои се борат за титулата најдобри во Премиерлигата

Англиската Премиерлига ги објави имињата кандидати за титулата најдобар играч и тренер оваа сезона, а фаворитите секако се од шампионот Манчестер Сити.

Дефанзивецот на англискиот првак, Рубен Диас веќе ја однесе наградата за најдобар според изборот на новинарите, а главен е кандидат и за најдобар играч по изборот на лигата.

Покрај Диас, на листата е и неговиот соиграч Кевин Де Брујне, како и Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Џек Грилиш (Астон Вила), Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем), Мејсон Маунт (Челзи) и Томас Соучек (Вест Хем).

Португалскиот стопер е првиот дефанзивец кој новинарите го избрале за најдобар уште од поранешниот играч на Ливерпул, Стив Никој, кој таа награда ја доби во 1989. година.

На листата за најдобар тренер се најдоа Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Брендан Роџерс (Лестер), Марсело Биелса (Лидс), Дејвид Мојс (Вест Хем) и Оле Гунар Солскјер (Манчестер Јунајтед).

Номинирани се и оние кои се борат за титулата најдобар млад играч на лигата, а на тој список се најдоа Доминик Калверт-Луин (Евертон), Рубен Диас (Манчестер Сити), Фил Фоден (Манчестер Сити), Илан Мелие (Лидс), Мејсон Маунт (Челзи), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс (Вест Хем) и Букајо Сака (Арсенал).