Огромен интерес и гужви за Ел класико натпреварот помеѓу Аргентина и Бразил

Невиден интерес и километарски редици за набавка на влезници се забележани во аргентинскиот град Сан Хуан каде ќе се игра големото јужноамериканско фудбалско дерби помеѓу репрезентациите на Аргентина и Бразил. Натпреварот е дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022. 

Билетите за Ел класико дуелот се пуштени во продажба два дена пред почетокот кој е закажан за во среда наутро по наше време. 

Според информациите од локалните медиуми сите летови до Сан Хуан и сите хотели во градот се преполни со навивачи кои се надеваат дека ќе обезбедат влезници и ќе можат да го следат натпреварот на стадионот Сан Хуан дел Бицентенарио.