Огромна парична казна на Форест заради објава на социјални мрежи

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Нотингем Форест со 750.000 фунти поради објавата што клубот ја направи на социјалната мрежа Х на натпреварот со Евертон во претходната сезона.
На официјалниот профил на Форест по крајот на натпреварот пишуваше следново: „Три крајно лоши одлуки – три пенали не беа досудени, што е едноставно недозволиво. Го предупредивме Судискиот комитет (PGMOL) пред натпреварот дека судијата на ВАР (во овој случај Стјуарт Атвел) е навивач на Лутон, но тие не го заменија.
Според ФА, текстот претставува „напад на судискиот интегритет од невидени размери“ а Атвел е жртва на неодговорниот пост на Форест.