Одбиена жалбата на Белингем, ќе мора да паузира два натпревари

Суспензијата за Џуд Белингам од два натпревари останува на сила. Ова е одлуката на комисијата за жалби на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, откако Реал Мадрид побара поништување.

Според одлуката, „кралскиот“ клуб не успеал да обезбеди доволно докази за да го докаже спротивното од она што го одлучиле главниот судија на мечот против Осасуна и дисциплинската комисија.

Тоа значи дека репрезентативецот на Англија нема да биде дел од составот на Реал Мадрид за дуелите против Жирона и Бетис во Ла Лига.

Белингам нема да игра и на првиот меч против Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите, поради жолтиот картон против Манчестер сити, кој за него беше трет оваа сезона.