Одбојкарите немоќни во дуелот со Бугарија

Македонските одбојкари со пораз го започнаа настапот на Европското првенство откако загубија во Софија од домаќинот Бугарија со 3-0 по сетови 25-17, 25-19 и 25-18.
Главниот фаворит во нашата група сосема очекувано ја потврди супериорноста во поголемиот дел од мечот иако и избраниците на селекторот, Миленковски, има блескави моменти.
Во нашиот табор се издвои Никола Ѓоргиев со 8 поени пред Љафтов и Савовски кои имаа по 5 реализации. Кај домаќинот лидер беше Александар Николов со 19 поени пред Бардаров со 15.