Одбoјкарките спремни за почеток на подготовките за Сребрената лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат ќе биде дел од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Дамите се во друштво на Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд.

Натпреварите ќе се одвиваат според т.н. „швајцарски систем“ односно ќе се играат по три турнири а еден ќе биде од 30 мај до 1 јуни во салата „Парк“ Струмица. Токму таму, селекторот Стефан Пауновиќ, утре ќе ја направи првата прозивка. На списокот има 20 репрезентативки.

Поради краткиот период за подготовка, одбојкарките нема да одиграат контролни средби.