Одегард: Готово е, сега ги загубивме надежите за титула

Еден од најдобрите фудбалер на Арсенал оваа сезона, Мартин Одегард призна дека неговиот тим сега веќе „нема надеж“ да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Топчиите“ загубија со 0-3 од Брајтон и го ставија Манчестер Сити на прагот на титулата, на кој му е потребна само една победа во последните три натпревари за да ја одбрани шампионската титула и оваа сезона.

„Сега ќе биде многу тешко, мора да бидеме искрени. Не е добро чувството во моментов. Начинот на кој игравме, особено во второто полувреме, не знам што се случи да бидам искрен. Сега се чувствувам како да нема надеж“, рече капитенот на Арсенал.