Одегард добива нов договор на „Емирати“
Арсенал сака да го обнови договорот со еден од главните мотори во тимот на Микел Артета – Мартин Одегард. Актуелниот договор на Норвежанецот истекува за две години, но според медиумите во Лондон, клубот планира да го продолжи договорот за дополнителни 12 месеци – до летото 2026 година.
Планот на управата на Арсенал е повторно ангажирање на играчите од јадрото на овој состав, што ќе го донесе потребниот душевен мир дека Арсенал ќе има борбен тим во наредните години. Многу брзо нови договори ќе парафираат Букајо Сака и Арон Рамсдејл, кои веќе ги договориле условите. Клубот преговара и со Вилијам Салиба. Габриел Мартинели и Габриел Магаланес веќе се обврзаа со клубот долгорочно во текот на сезонава.
Одегард од почетокот на оваа сезона постигна 15 гола и имаше седум асистенции. Во последните денови се шпекулира дека интерес за него покажуваат Баерн и Пари Сен Жермен.