Одегард посериозно се повреди на дуелот со Австрија
Капитенот на норвешката репрезентацијата и еден од најдобрите играчи на Арсенал, Мартин Одегард заработи тешка повреда на натпреварот со Австрија (2-1) во Лигата на нации.
Во 64. минута на натпреварот во Осло при резултат 1-1, по дуелот со гостинскиот играч Криштоф Баумгарнер, Одегард падна на земја и се фати за глава.
По натпреварот лекарот на репрезентацијата изјави дека фудбалерот го исчашил зглобот на левата нога, но дека се ќе се знае по деталните прегледи и ултразвук. Ако не се скинати лигаментите, би требало да се врати на терените за околу еден месец.