Одегард пред враќање во тимот на Артета

Мартин Одегард наскоро ќе се врати во тренажен процес кај Микел Артета.

Во септември норвешкиот играч од средниот ред го повреди скочниот зглоб, а и покрај тоа што не беше со тимот, Арсенал донекаде го задржа чекорот во Премиер лигата со Манчестер Сити и Ливерпул кои се на првите две места на рангирањето.

„Одегард тренира последните неколку недели. Интензитетот на тренинзите се зголемува и искрено се надевам дека ќе биде целосно подготвен, можеби и пред репрезентативната пауза“, изјави Артета.

Ова би требало да значи дека има шанси 25-годишниот Одегард да игра на 10 ноември кога Арсенал гостува кај Челзи во 11. коло од Премиер лигата.

Арсенал е на третото место и има 18 бодови. Пред него се Манчестер Сити со 23 и Ливерпул со 22 бода.