Одегард се повреди, ќе скокне неколку важни натпревари
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека фантастичниот Мартин Одегард поради повреда ќе мора да пропушти уште неколку натпревари во Премиер-лигата на Англија.
„Не знаеме што точно се случува, има повреда. Не беше во можност да игра, ќе биде во аут уште неколку натпревари. На еден сигурно а може и на повеќе. Не знаеме колку точно ќе отсуствува од терените“ , изјави Артета.
Екипата на Арсенал во текот на викендот ја очекува гостување кај Шефилд Јунајтед. Мечот ќе биде одигран в недела во вечерниот термин.