Одлични вести за Јирген Клоп, Фирмињо се враќа на теренот

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, повторно тренира и е подготвен за враќање на натпреварите на својот тим.
Бразилецот се повреди на почетокот од месец ноември при победата на Ливерпул над Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони и од тогаш пропушти вкупно седум натпревари на својот тим.
Покрај Фирмињо, во екипата се враќаат Наби Кеита и Џо Гомез кои исто така се опоравија од повредите и се подготвени за настап на дуелот против Астон Вила во сабота.