Одлично деби на Баранкал, Македонија го надигра Луксембург

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја пролжи серијата на победи и ја забележа можеби најважната победа во групата А од претквалификациите за следното Европско првенство.
Кошаркарите по цели дваесет години се вратија во салата „Градски Парк“ и славеа против директниот конкурент за првото место Луксембург со 79-70 и се со три победи од три одиграни натпревари. На клупата на Македонија вечерва дебитираше новиот селектор Жозеп Мариа Берокал кој очигледно позитивно делуваше на нашите репрезентативци кои покажаа одлична игра во текот на поголемиот дел од натпреварот.
Првиот период Македонија го доби со 25:17 и најави дека сака сигурна победа на оваа средба. Добрата игра продолжи и во вториот период кој исто така го доби Македонија и замина на одмор со предност од 44:32.
Второто полувреме го започнавме со зголемување на предност и до +19, а потоа дозволија нашите кошаркари гостите да намалат и да се доближат на 59:49. Клучната четвртина ја отворивме со пет поени во низа, Хап и Јакимовски одново презедоа одговорност и сите надежи на гостите за поволен резултат беа згаснати. До крајот на средбата Македонија рутински го сочува водството и на крај славеше со 79:70.
Јакимовски со 17 и Хап со 15 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, а двоцифрен беше уште Ефремовски со 13. Веќе за три дена Македонија ја очекува гостување кај Азербејџан.