Одложени 4 средби во англиската Премиер лига

Челниците на Премиер лигата, поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, одлучија да се одложат уште четири натпревари кои требаше да се играат овој викенд. Тоа се саботните натпревари Саутемптон-Брентфорд, Ватфорд-Кристал Палас и Вест Хем-Норвич, како и мечот помеѓу Евертон и Лестер кој беше закажан за во недела. Претходно не се одигра и натпреварот на Манчестер Јунајтед и Брентфорд.
Ова значи дека половина од натпреварите за следното коло нема да се одиграат. Неизвесни се и останатите натпревари бидејќи позитивни играчи пријавија и во Челзи и Ливерпул.
Најголем број натпревари досега му се одложени на екипата на Тотенхем, вкупно три.