Одложено рочиштето за случајот „Манчестер Сити“

Конечната одлука во случајот со обвинувањата за англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити нема да биде објавена пред летото, тврди „Дејли Телеграф“. Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити. Рочиштата завршија во декември, а пресудата се очекуваше да биде објавена околу март-април. Комплексноста на случајот, вклучително и количината на докази што се слушнаа, оспорени и проверени, го направија случајот уште потежок.

Обвиненијата првично беа 115, но потоа се зголемија на околу 130 поради конфузија околу некои од правилата за одредени сезони.

Премиер лигата покрена обвиненија во февруари 2023 година, но истрагата датира скоро шест и пол години.

Доколку „граѓаните“ бидат прогласени за виновни, се соочуваат со строги санкции, од одземање бодови до исфрлање од елитата. Од „Етихад“ тврдат дека се невини и дека не се загрижени за конечниот исход на случајот.

Откако Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола потпишаа нови договори пред неколку месеци, се појавија шпекулации дека клубот веќе знаел дека нема да има строги санкции.

И останатите клубови од Премиер лигата со нетрпение го очекуваат конечниот исход и се подготвени да поднесат тужби за изгубени добивки.