Одложено уште едно премиерлигашко дерби
![Одложено уште едно премиерлигашко дерби](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/09/emirati-1024x576.jpg)
Дуелот помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа, кој требаше да се одигра утре е одложен за 20 октомври, потврди УЕФА.
Тоа предизвика и нови поместувања во распоредот на Премиер лигата, кој веќе беше нарушен поради одложувањето на колото минатата недела поради смртта на кралицата Елизабета. Премиер лигата потврди дека дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити закажано за 19 октомври и официјално е одложено.
Единствениот слободен термин следниот месец е 19 октомври за кога е закажано вонредното коло во Премиер лигата, но распоредот во Октомври е пренатрупан, па овој меч може да се одигра дури на пролет.