Одложено шпанското дерби меѓу Валенсија и Реал
Натпреварот од 12. коло во шпанското првенство меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра в сабота, денеска официјално е одложен поради големите поплави во јужна Шпанија.
Сите натпревари во регионот на Валенсија исто така ќе бидат одложени, вклучително и дуелот помеѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, објави попладнево Ла Лига.
Клубовите имаат рок до 5 ноември да изберат нови датуми за одигрување на одложените натпревари.
Од истата причина беа одложени и бројни спортски настани во регионот, вклучително и натпреварите од Копа дел Реј помеѓу Валенсија и Леванте.
Поплавите од кои беше зафатена шпанската провинција Валенсија предизвикаа смрт на повеќе од 90 луѓе, како и голема материјална штета.