Одобрена продажба на Лејкерси за 10 милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер.
„Се очекува трансакцијата да се комплетира наскоро“, се вели во соопштението на НБА.
Претходно, американските медиуми објавија дека Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари.
Волтер е извршен директор на TWG Global, холдинг компанија која изгради импресивно портфолио од професионални спортски тимови, вклучувајќи ги Лос Анџелес Доџерс (бејзбол) и Лос Анџелес Спаркс (ВНБА). Вклучени се и тенискиот турнир „Били Џин Кинг Куп“ и Формула 1 тимот Кадилак, кој ќе се натпреварува во Ф1 почнувајќи од следната година.
„Лос Анџелес Лејкерс се една од најзначајните франшизи во сите спортови, дефинирана со историја на извонредност и неуморна потрага по величина“, изјави Волтер, кој е рангиран на 589 место на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот со проценето лично богатство од 6,1 милијарда долари.
ЛА Лејкерс беа основани во Минеаполис во 1947 година, а потоа се преселија во Лос Анџелес пред сезоната 1960-61.
Во својата клупска историја, Лејкерси освоија 17 титули, една помалку од Бостон. (
 
		 
		 
		