Одредена цената: Левандовски чини само 60 милиони евра

Роберт Левандовски би можел ова лето да го напушти Баерн Минхен. Како што пренесува дека германски „Скај“, Левандовски сериозно размислува да го напушти Баерн Минхен бидејќи сака нова авантура во својата кариера. Менаџерот на Левандовски, Пини Захави сака да преговара со заинтересираните клубови,а цената на Полјакот би била 60 милиони евра. Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн од следната сезона, па сигурно сака да го подмлади тимот, а тоа значи дека Левандовски може да биде продаден.