Одредени бараж натпреварите за ПМФЛ
Ренова – Охрид и Тиквеш – Силекс се бараж натпреварите за Првата македонска фудбалска лига кои ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“, односно на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двојките и местата на одигрување беа одредени по направената ждрепка во прес центарот на Националната арена. Ренова и Охрид својот меч ќе го одиграат на стадионот во комплексот „Куќа на фудбалот“, додека Тиквеш и Силекс ќе се соочат на Националната арена „тодор Проески“. Натпреварите се играат во 25. мај (вторник) од 16.00 часот. Се игра еден натпревар, а доколку во регуларните 90. минути нема победник, веднаш ќе решава пенал серијата.
