Одредени судиите за првите осминафиналиња на Лигата на шампионите

УЕФА ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на првите два осминафинални натпревари од Лигата на шампионите закажани за утре.

Мечот меѓу ПСЖ и Баерн ќе го суди Мајкл Оливер од Англија, кому ќе му помагаат Стјуарт Берт, Сајмон Бенет и четвртиот судија Енди Медли (сите од Англија). ВАР судија ќе биде Томаш Квјатковски (Полска).

Натпреварот меѓу Милан и Тотенхем ќе го суди швајцарскиот судија Сандро Шерер, а помошници ќе му бидат Стефан Де Алмеида, Беким Зогај и Лукас Фендрих. Во ВАР собата ќе суди Марко Фриц (Германија).