Одржана акцијата за доброволно дарување крв, под мотото „Дарувај крв, спаси живот“

Денес, 21. јануари, во организација на компаниите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа од Битола, успешно беше спроведена петта по ред хуманитарна акција на доброволно дарување крв.

Акцијата „Дарувај крв, спаси живот“, беше успешно одржана во деловните простории на овие три компании.  Покрај редовните крводарители , акцијата беше посетена и од вработени од Кавадаречкиот регион како и граѓани кои доброволно се приклучија. На акцијата беа собрани 31 крвни единици, кои се дистрибуирани до одделението за трансфузиологија при Клиничкиот центар Битола.

“Со оглед на фактот дека ова беше петта по ред крводарителска акција, со гордост можеме да  истакнеме  дека досега вкупно се собрани и донирани повеќе од 150 единици со најдрагоцената течност. Упатуваме искрена благодарност до сите учесници кои се придружија во акцијата, и можеме да потврдиме дека и во иднина ќе продолжиме со организирање на вакви настани кои вклучуваат општествено одговорни активности.” – вели Елена Трајчевска, организатор на акцијата. Во овој период со пандемија од Ковид-19, голема привилегија е да постојат компании чии вработени имаат вака високо изразена свест за солидарност и хуманост.