Од следната година пет измени во англиската Премиер лига

Според најавите во англиските медиуми, клубовите од Премиер лигата би можеле да изгласаат промена на правилото за бројот на измени.

Доколку предлогот добие потребен број гласови, тогаш од сезоната 2022/23, премиерлигашите ќе имаат право на пет измени на играчи во еден натпревар.

Претходно, Премиер лигата на почетокот од оваа сезона изгласа правило со кое тимовите добиваат дополнителна измена доколку во текот на натпреварот еден од играчите добие повреда на главата поради која е приморан да го напушти истиот.