Од Челзи си ја признаваат грешката: Тухел не требаше да добие отказ

Челзи жали поради одлуката да го отпушти германскиот стручњак Томас Тухел.

Според „Дејли мејл“, новите сопственици на клубот не сакале да продолжат да соработуваат со Тухел, но во моментов од Челзи знаат дека залудно го отпуштиле. Лондонскиот клуб смета дека требало да го остават Тухел на нивната клупа до крајот на сезоната, па дури потоа да бара замена за него.

По заминувањето на Тухел, Челзи го презеде Греам Потер. Работеше со тимот седум месеци и доби отказ. Тренер на „сините“ во моментов е  Френк Лампард кој ќе остане до крајот на сезоната 2022/23. По 36. коло во англиската Премиер лига, Челзи се наоѓа на 11. Позиција  на табелата. Тимот има освоено 43 поени од 35 натпревари.