Од Џенова „грмат“ на арбитражата на дуелот со Наполи

Директорот на Џенова, Диего Лопез, го критикуваше судењето на натпреварот против Наполи во првото коло од Серија „А“ кога неговиот тим загуби дома со 2-0.

Според него, голот на Де Бруин во 82-та минута требало да биде поништен бидејќи Белгиецот го турнал противничкиот дефанзивец, Жоан Васкез. Судија на мечот беше Марко Ди Бело.

„Цела Италија виде што се случи. Тој судија беше задолжен за ВАР системот во изминатата сезона кога Наполи заработи пенал во самиот финиш. Тој го судеше и натпреварот Рома-Џенова кога нашиот голман беше удрен во лицето а противникот даде гол. Во двата случаи, судиите подоцна ја признаа грешката на ВАР“ – рече Лопез.