Озил и Азар во тандем?!
По договорот со Месут Озил, Фенербахче сонува и за Еден Азар.
Оваа бомбастична вест ја најави поранешниот претседател на клубот, Хасан Четинкај, кој наводно е близок со Еден Азар.
„Азар е мој пријател, го знам уште кога имаше 15 години и настапуваше за Лил. Во тој период, тој имаше симпатии кон Фенербахче, а еднаш ми рече „Хасан, еден ден ќе играм за Фенербахче.“ Сепак, не знам кога тоа ќе се случи.“ – откри поранешниот претседател на Фенер.
Интересно, со оваа изјава се понуди вест дека Фенер ќе му понуди на Реал опција за позајмица, доколку Азар не е на своето ниво до крајот на сезоната.
Не е тајна дека во Мадрид се незадоволни од партиите на Азар, но во овој момент делува како невозможна мисија да замине.