Олд Трафорд новиот дом на Матеус Куња

Манчестер Јунајтед постигна договор за потписот на бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхамтон со петгодишен договор. Според Фабрицио Романо, трансферот изнесува околу 62,5 милиони фунти, што одговара на клаузулата за откуп во неговиот договор. Овој значаен трансфер ја покажува посветеноста на Јунајтед да го засили нападот пред новата сезона, а Куња ќе го носи  дресот со број 10, кој претходно му припаѓаше на Маркус Рашфорд. 


25-годишниот бразилец, е версатилен офанзивец кој може да игра како централен напаѓач или на крилна позиција. Познат по својата брзина, техника и способност за постигнување голови, тој остави силен впечаток во Премиер Лигата. Неговото доаѓање се очекува да донесе креативност и офанзивен оган во редовите на Манчестер Јунајтед, совршено вклопувајќи се во тактичкиот систем на Рубен Аморим. 


Навивачите на Јунајтед со нетрпение го чекаат доаѓањето на Куња, возбудени за можноста тој да го води нападот носејќи го дресот со број 10. Од клубот потенцираат дека овој трансфер е јасен знак на амбицијата за Јунајтед да се врати на врвот на англискиот фудбал. Фабрицио Романо потврди дека договорот е завршен, означувајќи го првиот од веројатно многу трансфери за Црвените Ѓаволи ова лето.