Олег Приходко поразен во финалето на турнирот во Полска

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари.

Тој беше поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути.

Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0.

Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во 12.гем Португалецот направи брејк и го доби сетот со тоа и мечот.