Оле Гунар Солскјер одржал итен состанок со лидерите во тимот
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер одржал средба со неколку главни играчи од екипата во обид да ја спаси сезоната на „црвените ѓаволи“, а со тоа и неговата тренерска позиција.
Според весникот Дејли Мејл, на состанокот биле присутни капитенот Хари Мегваер,Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, , Лук Шо,Немања Матиќ и Линделоф.
Солскјер сакал да го слушне мислењето на играчите за тоа како екипата може да ја подобри својата игра. Имало и разговори за тактичките замисли на Норвежанецот кој во последен период игра во формација со тројца одбранбени фудбалери.
Неделата што следи е многу важна за тренерот и тимот. Манчестер Јунајтед го чекаат натпревари со Ватфорд, Виљареал и Челзи на кои е можно да се одреди и иднината на Солскјер во клубот.