Оливер Кан оптимист околу купувањето на Бордо

Легендарниот германски голман кој по кариерата работеше и во управата на Баерн Минхен потврди дека е во преговори за купувања на францускиот гигант Бордо кој поминува низ тешки денови.

Кан формирал група на европски и саудиски инвеститори со цел да го вратат Бордо онаму каде што му е местото во Лига 1.

„Сакаме да го преземеме клубот и да го вратиме во Лига 1 во наредните години, мислам дека можеме да го направиме тоа. Работите ќе зависат од многу фактори. Ние доставивме понуда од 30 милиони евра, Бордо е клуб со голема историја и огромна база на навивачи. Навивачите ги полнат трибините дури и во четвртата лига“, изјави Кан.

За Бордо во четвртиот ранг на францускиот фудбал во воој момент настапува и англискиот ветеран Енди Керол.