Олимпик Марсеј го продава Гринвуд во Јуве

Мејсон Гринвуд би можел ова лето да направи голем трансфер, откако сериозен интерес за напаѓачот на Олимпик Марсеј покажува Јувентус.

Англискиот офанзивец игра во одлична форма во Франција и оваа сезона на 38 натпревари запиша 25 гола и 8 асистенции, што го стави во фокусот на европските гиганти. Според најавите од италијанските медиуми, токму Јувентус е најсериозен кандидат за негов потпис.

Сепак, трансферот ќе зависи и од ситуацијата на Марсеј, кој можеби ќе биде приморан да продава доколку не обезбеди пласман во Лига на шампиони.

Францускиот тим моментално се наоѓа во жестока битка за врвот во првенството, со минимална предност пред конкурентите, па секој кикс до крајот може да има големо значење и за нивните амбиции, но и за иднината на Гринвуд.