Олимпик Марсеј сака да го врати Салиба од Арсенал

Олимпик Марсеј се надева дека ќе успее со потписот на дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба.
Претседателот на францускиот клуб Пабло Лонгорија се сретна со агентот на 21-годишниот фудбалер и верува дека играчот ќе се врати во Лига 1. Дефанзивецот е во Арсенал од летото 2019 година, но се уште нема одиграно ниту еден натпревар за тимот. За тоа време играше како позајмен во Сент Етјен, Ница и Олимпик Марсеј.
Во сезоната 2021/22, Салиба одигра 36 настапи во Лига 1 за францускиот тим и затоа од клубот сакаат да го имаат со постојан договор и во нивна сопственост.