Ол Стар викендот помина со „најлошите забивања во историјата“
Анферни Симонс е победник во натпреварувањето во забивања на НБА Ол Старот, кој годинава се одржа во Атланта. Симонс, бекот на Портланд, го победи рукито на Њујорк Никс, Оби Топин и бекот на Индијана, Касиус Стенли. Повеќето гледачи беа разочарани со виденото. Тројцата кошаркари имаа неколку солидни забивања, но нити едно спектакуларно. Симонс, кој е првиот играч на Портланд кој победил во ова натпреварување, при едно забивање се обиде да го бакне обрачот, но не успеа. Мадридска „Марка“ го опиша тоа забивање како „најлошото победничко забивање во историјата“. Многумина на социјалните мрежи го критикуваа изборот на играчи кои се најдоа на ова натпреварување, а легендарниот Меџик Џонсон напиша дека ова и не беше баш највозбудливото натпреварување кое некогаш го гледал.