Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, претседателот на УЕФА Александар Чеферин, како и речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот.

Поздравувајќи го отворањето на новата регионална канцеларија во Истанбул, првиот човек на ФФМ Омерагиќ истакна дека станува збор за стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

„Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе“, посочи Омерагиќ.