Омерагиќ: Треба да бидеме задоволни како помина сезоната

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите проговори на неколку теми.
„Имавме добра сезона, тешко првенство со одлично имплементиран ВАР. Сега не чека нов систем на натпреварување, четирикружно. Сите реформи се направени и тоа треба да не радува сите во фудбалот.
Шкендија Арачиново мора да ја промени коренито организациската поставеност за да добие лиценца. Тоа е според правилата на УЕФА. Ние како Федерација сакаме да и помогнеме. Нема да има толеранција и за сите други екипи доколку не ги исполнуваат условите“, рече Омерагиќ.