Општина Петровец ќе добиe мултифункционално игралиште

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска го означи отпочнувањето на изградбата на новото мултифункционалното игралиште во Петровец.
-Со реализацијата на овој проект општина Петровец ќе добие современо игралиште кое ќе обезбеди модерни услови за спортување за сите граѓани, особено за младите кои се нашата иднина. Секој нов проект е уште еден чекор кон поздраво и посилно општество – истакна министерот Ристовски.
Вредноста на проектот за изградба на мултифункционалното игралиште во општина Петровец изнесува три милиони денари а рокот за изградба е пет месеци.