Ориги интересен за два калчолигаши
Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. 26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода. На синоќешниот дуел против Милан во ЛШ, Ориги одигра одлично, а неговиот настап го следеле скаути на Интер и Јувентус.
Италијанските гиганти ќе се обидат да го донесат Белгиецот во зимскиот преоден рок.