Орие потпиша за Нотингем Форест, „шумарите“ доведоа 22 засилувања

Орие потпиша за Нотингем

Поранешниот бек на Тотенхем и ПСЖ, Серж Орие, му се приклучи на Нотингем Форест со слободен трансфер. Ова го објави англискиот клуб на својата официјална страница.

Со ова Орие е 22-то засилување на клубот во тековниот летен преоден рок, со што англискиот тим дојде до нов рекорд за нови засилувања. Вреди да се напомене дека дел од нив беа испратени на позајмица во грчкиот Олимпијакос. Да потсетиме дека преодниот рок во Англија се затвори на 1 септември, но клубот може да го регистрира играчот од Брегот на Слонова Коска како слободен играч, под услов да добие работна виза.

Минатата сезона Серж Орие имаше 24 настапи за Виљареал во сите натпреварувања и успеа да постигне две асистенции. 29-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска е проценет на 10 милиони евра, а настапуваше и во француската Лига 1 за Тулуз, кој се врати во Лига 1 на крајот од минатата сезона.