Орландо фаворит да потпише со Гризман

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е во преговори со клубот од американската МЛС лига, Орландо Сити.

Според „Атлетик“, разговорите се во напредна фаза. Спортскиот директор на Орландо, Рикардо Мореира, неколку пати патувал во Шпанија за да ја договори соработката.

Орландо се надева дека ќе го потпише напаѓачот пред да се затвори преодниот рок во МЛС на 26 март.

Сепак, Французинот не планира да го напушти Атлетико пред летниот преоден рок во Европа. Неговиот договор со мадридскиот клуб важи до јуни 2027 година. Сè уште не се водени официјални преговори меѓу клубовите.