Осака се раздели со својот тренер Вим Фисет
Поранешната број еден во женскиот тенис Наоми Осака објави дека соработката со тренерот Вим Фисет заврши.
„Четири години, две Гренд слем титули и многу спомени. Благодарам на Вим што беше одличен тренер и уште попрекрасна личност. Ти посакувам се најдобро!“, напиша Јапонката на социјалните мрежи.
Фисет беше тренер на Осака од 2019 до 2022 година и продолжи да работи со неа откако таа се врати на терените во јули 2023 година по породилното отсуство.
Под водство на белгискиот тренер, Осака освои две од нејзините четири Гренд слем титули – Отвореното првенство на САД во 2020 година и Австралија опен во 2021 година.