Осимен еден месец надвор од теренитe

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен го повреди бутниот мускул на десната нога на мечот на својата репрезентација и би можел да отсуствува околу еден месец.

„Осимен беше подложен на нови прегледи, кои открија лезија од среден тип на десната бутина. Напаѓачот започна со рехабилитација во клупскиот тренинг центар“, се додава, без дополнителни детали.

Како што објави „Кориере дел спорт“, Осимен би можел да отсуствува еден месец и да пропушти четири првенствени натпревари и два натпревари од Лигата на шампионите.

Најдобриот стрелец од минатата сезона во Серија А се повреди во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија во Портимао, јужна Португалија, кој заврши нерешено 2-2.

Нигериецот оваа сезона постигна шест гола на 10 натпревари. Наполи моментално е на 5. место во италијанската Серија А, со седум бода помалку од лидерот Милан.