Осимен му се извини на тренерот Гарсија
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, му се извини на тренерот Руди Гарсија, поради неговото непримерно однесување за време на натпреварот со Болоња.
Осимен влезе во конфликт со тренерот Гарсија во 86.минута од средбата, поради тоа што фудбалерот беше заменет од игра. Осимен, претходно, во 72.минута од средбата промаши пенал, а натпреварот на крајот заврши со резултат 0:0. Осимен при излегувањето од игра викаше кон тренерот, изразувајќи незадоволство од одлуката да биде заменет.
Според италијанските медиуми, Осимен ја избегнал паричната казна од клубот, бидејќи на последниот тренинг со екипата, им се извинил на тренерот и соиграчите.
Наполи е бранител на шампионската титула во Серија А, но во моментот се наоѓа на седмата позицијата на табелата.