Осимен одушевен од поддршката на неговиот идол Дрогба

Виктор Осимен игра во страшна форма оваа сезона и како најдобар напаѓач во Серија А го предводи Наполи кон толку посакуваното скудето.
Голгетерот претходно стрелаше и во Емполи синоќа и во Лигата на шампионите на гостувањето во Германија, меч по кој доби огромни пофалби од својот идол, Дидие Дрогба.
„Неверојатно е кога ќе се разбудите и кога ќе видите дека сте охрабрен од некој кој ви бил пример како Дрогба. Тоа беше големо изненадување и огромна мотивација за мене. Имам голема насмевка на лицето, повремено зборуваме со него и навистина уживав во тоа што тој го направи во фудбалот. Тој беше мојот идол и пресреќен сум што се случува ова“, изјавил Осимен.