Осимен се согласи да остане и следната сезона во Наполи

Виктор Осимен, најдобриот стрелец во италијанската Серија А и следната година ќе игра во Наполи.

Одличниот Нигериец беше еден од најзаслужните што Наполи го освои скудетото по пауза од 33 години. Голем беше интересот за него од европските гиганти, но и понатаму ќе го гледаме под Везув. Де Лаурентис не сакаше да слушне за преговори за сума под 150 милиони евра, но и водеше преговори со менаџерот на фудбалерот за продолжување на соработката. Тие преговори според последните информации вродиле со плод.

Главниот услов за останувањето на Осимен беше неговата откупна клазула идната година да изнесува 120 милиони евра што е сума која е прифатлива за европските гиганти, секако ако ја задржи формата од последната сезона.