Останаа многу непродадени билети за Олимписките игри во Кортина и Милано

На помалку од два месеци пред почетокот на ЗОИ во Милано и Кортина падна интересеот за билетите за натпреварите на Игрите. Според информациите, продажбата на билети е далеку под очекувањата особено во Италија, која се очекуваше да биде главен поттикнувач на пополнувањето на трибините за време на натпреварите во низа спортови. Според последните информации продадени се нешто повеќе од 850.000 билети од вкупно еден и пол милион достапни.
За да ја стимулира побарувачката, Италијанскиот олимписки комитет се сврте и кон агресивна стратегија со популарниот „Црн петок“, нудејќи тридневни попусти од дваесет проценти и необичен стимул: секој што купил билети за Олимписките и Параолимписките игри може да пристапи до ски-карти за 8 евра во секое одморалиште во Ломбардија меѓу 9 и 22 декември.