Осумнаесет победи од осумнаесет меча, Еурофарм Пелистер 2 со рекордна сезона се сели во Суперлигата

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа над Македонија ЃП на домашен терен (42-24) и со максимален учинок патува во Суперлигата. За тимот од Битола, ова беше осумнаесетта победа на осумнаесеттиот меч.

Тимот предводен од тренерот Александар Зарков двапати во краток период славеше над „лавовите“ на кои сега им виси позицијата за бараж. Пелистерци доминираа од почеток до крај во Битола, на полувремето беше 18-13.

Момците на Александар Зарков ќе тренираат уште десетина дена, па заминуваат на заслужен одмор. Од следната сезона Еурофарм Пелистер ќе се натпреварува во Суперлигата и Битола пак ќе има два клуба во елитата.