Отавио од Порто на листата на желби на Милан

Милан планира да го ангажира играчот за врска на Порто, Отавио. Милан е во преговори со агентот на 25-годишниот Бразилец. Фудбалерот на крајот на сезоната може да стане слободен агент. Според изворот, Отавио очекува да склучи договор со Милан до 2025 година со плата од 3 милиони евра по сезона, додека италијанскиот клуб нуди 2 милиони евра.
Оваа сезона од португалскиот шампионат, Отавио одигра 11 натпревари, постигна два гола и четири асистенции. Во зимскиот преоден рок, Милан донесе три нови играчи, а меѓу нив е и Марио Манџукиќ, кој беше ангажиран како слободен агент. Милан исто така бара нов лев бек кој ќе го замени Тео Хернандез.