Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје

Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ја слават љубовта кон кошарката и вредностите што ги носи спортот.

На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници.

Во рамки на програмата, свои излагања на тема „Важноста на партнерствата“ имаа претставниците на ФИБА Европа – Радмила Тарнер, Теренс Булок и Мирослав Крогулец. Во утринскиот дел од денешната програма, учесниците ги следеа предавањата на Серхио Лара Берсиал на тема „Програма за прогресија во наставата“, како и на Милена Мусова, која говореше за „Планирање на вежби за трчање во минибаскетот“.