Откажана идејата за капитенски ленти со боите на виножитото
Капитените на Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија и Холандија, сепак, нема да носат капитенски ленти во боите на виножитите како поддршка за „OneLove“ кампањата за ЛГБТ правата откако ФИФА потврди дека тие ќе добијат жолт картон ако носат вакви ленти.
Националните федерации беа подготвени да ги платат финансиските казни на ФИФА, но, очигледно проценија дека псотои опасност да останат без нивните капите за продолжението на Мундијалот
„Исфрустрирани сме од одлуката на ФИФА. Нашите играчи и тренери се разочарани“, се вели во нивното заедничко соопштение.